Алијанса за Албанците и Алтернатива

Ќоку: Директорите по училиштата од ДУИ да престанат со притисоците врз наставниците

Во последниве денови, многу наставници од основните и средните училишта пријавиле еден феномен колку вознемирувачки, толку и понижувачки за нашето општество. Некои директори, по наредба на владејачката партија, ДУИ, извршија притисок, закани и условување, од различен вид, злоупотребувајќи ја моќта што ја имаат во своите раце само уште неколку дена, изјави денеска Лулзиме Ќоку, претседателка на собранието на жените на Алијанса за Албанците , огранок Тетово.

„Директорите се закануваат на секој наставник кој е поддржувач на албанската опозиција, а потоа ги условуваат другите да учествуваат во нивните собири на сила, принудно и против нивната волја. И на крајот заканите одат дотаму што бараат да гласаат за ДУИ предупредувајќи ги дека и нивната работа е загрозена доколку не го направат тоа. Најизложени на овие притисоци и уцени се времено вработените, наставниците без решение.

Ние како коалиција Алијанса за Албанците и Алтернативите ги повикуваме споменатите директори итно да го прекинат притисокот, бидејќи сѐ е документирано и наскоро ќе одговараат. Во меѓувреме, наставниците, оние кои се надеж на општеството, највредните луѓе, да се спротивстават, да ја одржат благородната улога што ја имаат и да бидат убедени дека ова се последните денови во кои се соочуваат со овој притисок. Вие драги наставници, ќе бидете симбол на овој отпор и голема победа против диктатурата и неписменоста на оваа бласт. Ние ве уверуваме дека по 17 октомври, никој нема да ве допре, а вие што сте во моментов со договор на дело, ќе го добиете заслужениот статус и идните директори на училиштата ќе бидат избрани од вас заедно со советот на родители“, изјави Ќоку.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе