Ќе соработуваат Здруженијата на новинари на Македонија и Косово

Претставници на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Здружението на новинари на Косово (АГК) на 27 мај одржаа работен состанок на кој се разговараше за состојбата на новинарите, како и на медиумите во двете земји.

Драган Секуловски, извршниот директор на ЗНМ пред дваесетина колешки и колеги од разни медиуми од Косово ги претстави тековните проекти и залагања на ЗНМ во насока на подобрување на солидарноста на фелата, но и заштита на правата на новинарите во Македонија кога тие се под закана.

„Една од формите на подобрување на соработката помеѓу новинарите но и унапредување на нивните знаења е преку активностите на тематските секции на ЗНМ во Скопје, но и во другите градови“, истакна Секуловски.  

Џемаил Реџа, претседател на одборот на Здружението на новинари на Косово, говореше за состојбата со правата на новинарите, но и предизвиците кои ги имаат медиумите во нивниот локален контекст. Тој истакна дека ваквите колаборативни посети во соседните земји и размена на искуства и знаења позитивно влијаат на комуникацијата и идната соработка помеѓу новинарите во целиот регион.

На оваа работна средба беше разговарано за можноста да се организираат слични студиски посети на новинарите во земјите од Западен Балкан на теми кои ќе бидат од интерес на новинарите но посебно во насока на заедничко унапредување на професионалните стандарди споделување на информации за успешни примери од работата на новинарите и медиумите. Присутните дебатираа за предизвиците со дезинформациите во регионот, безбедноста на новинарите и за модели за финансирање на медиуми.

Оваа посета на колегите од Косово е дел од активностите на АГК во соработка со Академијата за информативен интегритет на новинарите и предвидува посета на група на млади новинари на неколку медиумски организации, но и медиуми во Скопје.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе