Со одлука на Влада

Ќе се формира Јавна установа за управување и заштита на Националниот парк Шар Планина

Одлука за основање на Јавна установа за управување и заштита на Националниот парк Шар Планина, донесе Владата на денешната 92. седница. Како што соопшти владината прес-служба, со донесувањето на оваа Одлука за основање на оваа јавна Установа ќе се воспостави режим на заштита на Националниот парк Шар Планина и ќе се преземат мерки за заштита на утврдените зони во националниот парк.

Собранието на 30 јуни, годинава, го донесе Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк. Со усвојување на Законот за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II, односно за Национален парк, нашата држава го доби четвртиот национален парк по прогласувањето на последниот во 1958 година и прв од прогласувањето на независноста.

Со Националниот парк, согласно законот, треба да раководи Јавно претпријатие кое ќе работи според планот за управување со НП „Шар Планина".

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе