Соопштение од Претседателот на Македонија

Ќе се доделат стипендии „Борис Трајковски“ за солунскиот Сити - колеџ

Претседателот Стево Пендаровски, министерката за образование и наука Мила Царовска и претседателот на Сити колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, Јанис Верверидис, денеска потпишаа протокол за соработка за доделување стипендии „Борис Трајковски" за академската 2021/2022 година.

Како што информира кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, потпишаниот протокол предвидува нивна заедничка соработка за академската 2021/2022 година со цел да се обезбедат дваесет стипендии за Пан-европската Извршна МБА програма со двојна диплома од Универзитетот Јорк и Универзитетот во Стразбур која се реализира во Солун, Грција, а во рамките на стипендиите „ Борис Трајковски".

Секоја стипендија поединечно изнесува 14.890 евра при што педесет проценти обезбедува Владата, а другите педесет проценти ги обезбедува Универзитетот.

„Изборот на кандидати за доделување на овие стипендии ќе биде спроведен заеднички од страна на претседателот, Министерството за образование и наука, Меѓународната фондација „Борис Трајковски" и „Сити Колеџот", преку заедничка комисија составена од по еден нивни претставник, во согласност со условите за прием на Универзитетот и законските прописи на Република Северна Македонија“, информира кабинетот.

Сити Колеџот во Солун, Грција од јануари 2021 година прерасна во Европски кампус на Универзитетот Јорк, кој е член на престижната Расел група на водечки универзитети во Велика Британија и една од најголемите светски институции во областа на истражувањето.

Пан-европската извршна МБА програма е меѓународна, иновативна програма дизајнирана за денешните менаџери и професионалци кои се стремат кон подобрување на своите вештини и знаења за професионален, кариерен и личен развој. Студентите по успешно завршување на оваа програма ќе се стекнат со две дипломи за извршни мастер студии по деловна администрација и тоа од Универзитетот во Јорк и од Универзитетот во Стразбур.

Стипендиите „Борис Трајковски" се доделуваат од 2003 година. 

Конкурсот за апликација за стипендиите „Борис Трајковски" ќе биде достапен на веб-страницата на Министерството за образование и наука од следната недела.

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе