По една изјава на бугарскиот претседател

Ќе побара ли Македонија отворање на спомен куќа на Гоце Делчев во Кукуш?

По вчерашната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев, дадена на прес-конференција со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, дека ќе се заложи во селото Баница на Гоце Делчев да му се изгради спомен плоча, поранешниот амбасадор во Софија Марјан Ѓорчев вели дека Македонија треба да се заложи во родниот Кукуш на Делчев да му се изгради спомен куќа или да се обнови неговата родна куќа.

Гоце Делчев се борел за слободна Македонија и тој многу повеќе е важна личност за нашата држава, отколку за Бугарија, нагласува Ѓорчев за Плусинфо.

„Кога во Бугарија се направи анкета за тоа кои се најголемите личности во бугарската историја, Гоце Делчев беше на 54 место меѓу ликовите од нивната историја. Ако направиме таква анкета во Македонија, Гоце Делчев ќе биде убедливо на прво место. Тоа доволно зборува. Без никакво двоумење, тоа е најважната личност која како нација нѐ обединува“, вели Ѓорчев и додава дека и Румен Радев продолжува јавно да третира како бугарско се она што е македонско.

На прес-конференција со грчката претседателка Радев вчера со цитирање на славна мисла на Делчев рече: „За мене иднината на светот е како територија за културна соработка". Со овој цитат тој илустрира дека токму тоа го прават денеска со Бугарија и Грција.

Иако најважно на Радев му беше на долго и нашироко да изрази незадоволство што во ЕУ беше ставено вето за влез на Бугарија во Шенген зоната, тој не ја испушти дадената прилика во рамки на новинарски прашања да искаже дека Гоце Делчев е личност од бугарската историја. 

Селото Баница, каде загина Делчев, е на територијата на денешна Грција.

„Не гледам проблем, Грција, која е суверена држава, и се грижи за спомениците на нејзината територија, треба да даде можност за таков споменик, особено што Гоце Делчев е бранител на слободата на сите луѓе, без разлика во која земја живееле“, рече Радев.

„Ако има барање кое се однесува на територијата на мојата држава, компетентните органи ќе го разгледаат“, рече грчката претседателка 

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе