Ќазимоски даде оставка, а сега Советот на Струга и официјално го разреши

Претседателот на струшкиот Совет, Абдула Ќазимоски на вчерашната седница на Советот на општина Струга беше разрешен, а на негово место беше изгласан Ристе Ќушкоски, најстариот советник. Ќазимоски беше член на партијата на градоначалникот на Струга, Зијадин Села од Движењето за реформи во ДПА.

Aбдула Ќазимоски

За Абдула Ќазимоски на оваа седница биле прекршени неколку деловнички прописи, согласно статутот на Советот на општина Струга.

Советниците од ВМРО – ДПМНЕ беа воздржани во однос на разрешувањето на Ќазимоски.

Пред безмалку еден месец Ќазимоски најави дека ја напушта партијата на Села и дека останува како советник во општината.

„Моето напуштање е затоа што гледав некои неправилности и нерегуларности кои се случуваат во текот на овој период. Јас бев четири години заедно со Зијадин Села. Одлучив да не соработувам, односно да не поддржувам идеи кои ќе бидат штетни за нашето општество. Сакам да згаснам оган кој може да предизвика поголема штета“, изјави тогаш Ќазимоски.

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе