Како претседател на Комисијата за политички систем

Кирацовски за во вторник закажа јавна расправа за законот за Јавно обвинителство

Претседателот на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, Александар Кирацовски закажа Јавна расправа за законот за Јавно обвинителство во Собранието во вторник, 28 јануари и на неа ќе биде поканет и актуелниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, како што бараше ВМРО-ДПМНЕ. 

Јавната расправа, насловена „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“, Кирацовски ја најави на неговиот Фејсбук профил.

„Неодговорниот однос на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ кон приоритетни и општествено важни прашања, како законот за Јавно обвинителство, мора да запре.

Синоќешното барање на претставниците од опозицијата да се одложат преговорите за законот, поради потребата од присуството на актуелниот Јавен обвинител (барање кое можеше да биде номинирано од почетокот на преговорите) е само уште едно проѕирно алиби за бегство од соочување со фактите и донесување на законот пред распуштање на Собранието.

Иако на јавноста и е повеќе од јасно дека главната пречка која опозиционата ВМРО-ДПМНЕ ја има околу евентуалното прифаќање на овој закон се надлежностите во поглед на гонењето на кривичните дела кои произлегуваат од прислушуваните разговори, сепак ние мора да направиме се за да ги извадиме на мегдан нивните задни намери и уште еднаш да докажеме дека актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е всушност истата груевистичка матрица, работејќи единствено во заштита на инкриминираните во аудиоснимките.

Во тој контекст, како претседател на комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, најавувам Јавна расправа во Собранието која ќе се одржи на 28 јануари (вторник) во 14 часот во собраниската сала „Борис Трајковски“ насловена: „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“

На јавната расправа, покрај политичките претставници кои се учесници во преговорите за законот, министерството за правда, домашни и странски експерти, заинтересирани страни и познавачи на оваа проблематика, ќе биде поканет и актуелниот Јавен обвинител, Љубомир Јовески, кој впрочем најави учество доколку се организира отворена јавна дебата.

Покрај реформата на правната рамка на јавното обвинителство, учесниците ќе можат да дискутираат за сите актуелни предизвици и проблеми во правосудниот систем особено за причините и одговорностите за неказнивост, одолговлекување на судските постапки и слични аспекти, со единствена цел еднаш конечно во нашата Македонија правдата и праведноста да владеат пред се и над се”, напиша Кирацовски.

На Фејсбук се огласи и министерката за правда Рената Дескоска, кој напиша дека „бегањето на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ им стана партиска определба”.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе