СДСМ

Кирацовски: На изброени над половина избирачки места води Пендаровски, ВМРО-ДПМНЕ бадијала се храбрат

Александар Кирацовски, шеф на Изборниот штаб на СДСМ, на прес-конференција изјави дека на изброени повеќе од половина од избирачките места, Стево Пендаровски е во водство пред противкандидатите и дека таа негова победа е очекувана.

„Предноста на Стево Пендаровски ќе значи сигурна победа и во вториот круг, и очекуваме граѓаните да го поддржат и тогаш. Нема да набројувам во кои населени места води Пендаровски бидејќи ова се претседателски избори. ВМРО-ДПМНЕ бадијала се храбрат. Нашата Македонија ќе добие вистински претседател и Пендаровски ќе биде претседател на сите граѓани. Над 2 и пол отсто води Пендаровски пред Сиљановска, и многу повеќе од Блерим Река. Предноста е евидентна и победата на Пендаровски во првиот круг е повеќе од јасна“, рече Кирацовски.

На прашање зошто не соопштуваат каде води Пендаровски, Кирацовски појасни дека тоа е така затоа што резултатите од моментот кога тргнал на прес-конференција додека да стаса се менувале.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе