Кекеновски ветува: За 90 дена, онака како што избега, така ќе го вратиме бегалецот од Будимпешта

Критики до власт и ветувања за граѓаните изнесе денеска носителот на листата на коалицијата Никогаш северна, само Македонија во Изборната единица 2, Јове Кекеновски. Наместо да соопштат за што ќе се залагаат за граѓаните на општина Ѓорче Петров, како што рече, принудени биле да се осврнат на „неспособноста на техничката влада кој нема капацитет да се справи со коронавирусот“.

„Се плашиме дека по изборите ќе ни се преслика ситуацијата од Србија. Неспособниот технички министер познат по пиши бриши уредбите, наместо со Комисијата за заразни болести да работи на намалување на последиците од пандемијата, тој на сметка на мртвите и жртвите се пуштил во ловење на гласови. Ветува брда и долини, 1.000 км патишта, а не гледа дека бројот на заразени постојно расте. Значи неодговорноста, неспособноста, несовесноста се собрани на едно место, и затоа тој бесрамно го бара гласот на граѓаните.

Исто како несовесниот технички премиер е и министерката за правда. Нејзините партиски колеги и функционери му овозможија на Груевски да избега во Будимпешта, а таа не мрднува ниту со најмалиот прст да го врати и да одговара за другите злодела. Сакаме да им ветиме на граѓаните доколку сме дел од законодавната и извршната власт во рок од 90 дена ќе го вратиме бегалецот, онака како што и замина така ќе биде и вратен, а украдените пари ќе им бидат поделени на граѓаните“, порача Кекеновски.

Тој го искритикува и Уставниот суд за кој што рече дека успешно се вклопува во „воспоставената матрица на несериозност, несовесност и јавашлук“.

„Уставните судии се срам за државата и затоа повторно ја бараме оставката на судиите, а доколку тоа не се случи, по конституирањето ќе бараме нивно разрешување“, рече Кекеновски.

На крајот тој им вети на граѓаните дека нивните идни избрани народни пратеници ќе имаат максималната соработка со органите на локалната самоуправа без разлика на нивната партиска припадност.

 

Пост-ковид училиштето е иднината што ни се случува сега. За само еден миг, таа со себе ги донесе најголемите предзвици со кои се соочува човештвото на овој век.

повеќе

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе