Предвремени парламентарни избори

Кекеновски: Сакаме да бидеме народни пратеници, а не политички платеници

Враќање на името, поништување на Преспанскиот договор, преиспитување на Договорот со Бугарија, Законот за двојазичност, се дел од стратешките определби на коалицијата „Никогаш Северна, само Македонија, кажа на денешната прес-конференција Јове Кекеновски. 

„Ние сакаме да бидеме народни пратеници, а не политички платеници и извршители на желбите на лидерите на политичките партии. На државата не ѝ требаат слепи и послушни пратеници кои само ќе стискаат зелено и црвено копче согласно директивите кои ги добиваат од партиите“, изјави Кекеновски.

Тој ги критикуваше двете најголеми партии во земјата и рече дека „по објавувањето на последниве аудио бомби мислам дека на сите ни стана јасно што правеле и што прават лидерите и раководствата на овие партии“.

„Едниот добивал пари за спас на партијата, а за возврат го рушел СЈО и се обидувал да влијае на текот на кривичната постапка која се води за бизнисменот финансиер и за останатите учесници. Другиот постојано ги рекетирал сите оние што имале потреба да им се заврши некоја работа и со пари добиени од корупција работел на промена на името односно на успех на референдумот, кој за среќа беше неуспешен.

Што уште овие две-три партии треба да направат за да конечно се свести гласачот и истите да ги казни?“, рече тој.

Кекеновски, како носител за ИЕ 2, како што рече, сакал јавно да соопшти дека за разлика од досегашниве собраниски платеници (извршители), избраните народни пратеници од нивната Коалиција ќе имаат слобода самостојно да одлучуваат и обврска максимално да соработуваат со органите на единиците на локална самоуправа, сé со цел како избрани народни пратеници да го подигнат квалитетот на живеење во општините во кои се избрани. Тоа значи пратениците да помагаат и соработуваат со локалните власти за реализација и помош од државата за сите локални проекти за кои е потреба помош од централната власт.

„Значи ние ќе бидеме тие кои ќе ја притискаме централната власт секоја година да дава што е можно повеќе пари за инфраструктурни проекти кои ќе ги реализира општината. За висината на наменската и капитална дотација, од буџетот на државата не ќе смеат сами и од ракав да одлучуваат министерствата и фондовите. туку заеднички со пратеникот(ците) од ИЕ и општината“, изјави тој.

Доколку ја добијат довербата од граѓаните ќе побараат да биде укинат имунитетот на пратениците и останати носители на јавни функции (освен за претседателот на државата), ќе се укинат патните трошоци на пратениците во висина на карта за аутобуска линија, ќе побараат распуштање на Уставниот суд, за најмногу од 60 дена од изборот ќе ги изнеселе на површина сите нејасноти и нелогичности во најновиве афери на власта (Рекет 1 и 2 како и случајот Империја) и ќе бараат најстроги казни за сите инволвирани страни, ќе ги казнеле виновниците од власта кои му овозможија на поранешниот премиер да побегне од лицето на правдата. Потоа, најавуваат дека ќе побараат расчистување на случајот Диво насеље и проширување на истрагата и кон лицата кои придонеле да не се дознае вистината за овој случај, како и откривање на јавноста за причините за оставките на двете клучни личности во тој период, укинување на функцијата заменик министер и потпретседател на Владата за спроведување на Рамковниот договор, како и укинување на одредбите на Избирачкиот законик кои протежираат би(три)партизам наместо мултипартизам и секако укинување на одредбите кои се однесуваат на Техничка влада на 100 дена пред изборите.

Среднорочните планови од програмата кои се однесуваат на рок од 6 месеци од изборот, според Кекеновски, вклучуваат генерално прочистување на судството, обвинителството и полицијата, експресно завршување на сите кривични постапки во една фер постапка, како и преиспитување на начинот на стекнување на имотот на сите оние кои биле на власт во последниве 20 години и конфискација на нелегално стекнатиот имот.

 

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе