Кекеновски: Мицкоски и Заев од Пендаровски направија извршител на незрели желби

Светот и меѓународната заедница мора јавно да ја обележат Република Македонија како држава во која наместо владеење на правото функционира владеење на каприците на недозреаната и несовесна политичка елита. Лидерите Мицкоски и Заев јавно ја погазија функцијата Претседател на државата и од Пендаровски направија беспоговорен извршител на нивните каприциозни и незрели желби, замисли и идеи, обвини претседателот на ФРОДЕМ, Јове Кекеновски.

„ФРОДЕМ и ‘Колицијата Никогаш северна, само Македонија’ бара од Пендаровски јавно на нацијата да ѝ објасни што се случи за овие неколку дена за да тој повторно да прогласи вонредна состојба, за која само до пред три дена тврдеше дека нема никаква основа истата да ја продолжи. Срамно е образложението на синоќешната нова Одлука за прогласување на вонредна состојба дека истата се донесува со цел да се овозможи непречена подготовка на изборите од причина што ДИК и останатите институции мораа и треба и досега да бидат комплетно подготвени за изборите. Уште полицемерно и бедно е образложението дека се прогласува нова вонредна состојба од нови 8 дена заради спроведување на мерки за заштита на јавното здравје на граѓаните за време на изборниот процес во услови на пандемија на коронавирусот прогласена од Светската здравствена организација, а кои причини Пендаровски не сакаше да ги види кога пред три дена ја укина вонредната состојба и кога цврсто се држеше за уставниот рок за одржување на изборите. Должен е да објасни што тоа за 10 дена ќе се смени и ќе се преземе за да не биде загрозено здравјето при гласањето, иако до пред само три дена тврдеше дека здравјето на граѓаните и членовите на Избирачките одбори во ниту еден случај не е и нема да биде загрозено на изборите“, рече Кекеновски.

Тој додаде дека Пендаровски досега на три пати прогласи вонредна состојба без правна и уставна основа, за кое новиот состав на Собранието на Република Македонија мора сериозно и приоритетно да расправа и одлучува веднаш по конститутивната седница на новиот состав на Собранието.

„Доста беа импровизации на дневна основа. Ние сакаме достоинствен извршител на функцијата Претседател на државата, а не очув на нацијата и граѓаните кој ќе се грижи само неговото кајче мирно да му плови покрај ‘фрегатите’ на т.н големи политички партии“, порача Кекеновски.

 

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе