ПО ВЧЕРАШНИОТ ИНЦИДЕНТ НА МАКЕДОНСКО-ГРЧКАТА ГРАНИЦА

Казна од 510 евра и забрана за влез во Македонија од 6 месеци за новинари и волонтери

Околу стотина лица, волонтери, новинари, сниматели и фоторепортери кои вчера илегално ја поминаа македонската граница од Грција беа казнети со по 510 евра и шестмесечна забрана за влез во Македонија.

Најголем дел од казнетите лица се државјани на Германија и на Грција. Неофицијално, казната за грчките граѓани била платена од канцеларијата на Грција во Македонија.

Овие лица беа казнети за илегален влез и „за помагање и олеснување на движење на мигранти за илегален премин преку државната граница и движење во кризно подрачје и остварување на илегален влез во Македонија надвор од контролниот премин“.

Вчера илјадници бегалци илегално ја преминаа границата, помогнати од бројни волонтери од разни невладини организации. Новинарите и фоторепортерите го следеа овој нивен организиран т.н. „марш на надежта“. Тие ја поминале границата во близина на котата 56/9.

Македонската полиција и војска добија наредба за засилена контрола на македонско-грчката граница и за санкционирање на секој обид за илегален премин на државна граница или движење и престој во кризно подрачје без пропусница.

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе