Шефот на грчката дипломатија

Катругалос: Почитувањето на Договорот од Преспа веќе е услов за европска иднина

Шефот на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос смета дека споменувањето на Договорот од Преспа во заклучоците на Советот на министрите за надворешни работи на ЕУ е важно за Грција, бидејќи почитувањето на договорот во целост „веќе е услов за соседите да имаат иднина во Европа".

Во дебатна емисија на грчката државна телевизија ЕРТ, доцна синоќа, министерот за надворешни работи на Грција ги коментираше заклучоците како за Турција и Албанија, така и за Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

„Важно е споменувањето на Преспа бидејќи го покажува она што секогаш го велевме дека Преспа, освен што го реши горчливиот спор меѓу двата народа, токму затоа што сега јасно се поврзува со интегративниот процес на соседот ни гарантира дека некоја друга влада на местото на сегашната, која сака да го спроведе договорот, нема да може да се врати назад во она мрачно националистичко минато, токму затоа што почитувањето на Договорот од Преспа во целост веќе е услов за да имаат иднина во Европа“, рече Катругалос за ЕРТ коментирајќи ги заклучоците на Советот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе