Македонија-Грција

„Катимерини“ за посетата на Дендиас на Скопје: Загриженост по договорот на Анкара и Скопје за соработка во одбраната

Денешната посета на Скопје на министерот за надворешни работи Никос Дендиас, по поканата од неговиот колега Бујар Османи, меѓу другото, има за цел и брзо затоплување на односите со Македонија, пишува грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина.

Во текстот под наслов „Затоплување на односите со Северна Македонија – Дендиас во Скопје“, искусниот новинар коментира дека средбите на шефот на грчката дипломатија се во период кога „Турција се обидува да покаже блага моќ на Западен Балкан“, но и споменува дека истовремено, меморандумите за соработка со Северна Македонија, се уште чекаат ратификација во грчкиот Парламент.

„Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во последниве денови имаше кратка турнеја во регионот, додека владите на Анкара и Скопје постигнаа договор за соработка во одбраната што предизвика загриженост во Атина. Секако, во исто време, остануваат во грчкиот Парламент протоколите за спроведување на Договорот од Преспа“, кои вклучуваат соработка во одбраната, пишува „Катимерини“.

Весникот потсетува дека по членството на Македонија во НАТО, Грција, преку надзорот на воздушниот простор со Ф-16 од грчкото воено воздухопловство, „беше прва земја што брзо се активираше“.

Новинарот, на крајот од текстот додава дека посетата на Дендиас на Скопје е за време на предизборниот период во Македонија за локалните избори во октомври, а „Владата на Заев се соочува со сериозни тешкотии наспроти кандидатите поддржани од националистичката ВМРО-ДПМНЕ“, а премиерот Заев „индиректно, но јасно, промовира добри односи со земјите од ЕУ и НАТО како изборен аргумент“. 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе