Катимерини: Критична недела за преговорите, можни две средби на Заев и Ципрас

Скопје и Атина продолжуваат да бараат решение за прашањето за името врз основа на три различни текстови, два од министрите за надворешни работи на двете земји и еден од посредникот, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Според извори на весникот, се разговара за можноста за изготвување нацрт меѓународен договор во кој би се предвидело членство на Македонија во НАТО во моментот кога земјата ќе го промени Уставот, а таквиот меѓународен договор би бил ратификуван од парламентите на двете земји.

Што се однесува до трите текста што се во оптек, весникот додава дека ниту еден од нив не е конечен и дефинитивен. Во изминатите денови со брз ритам се пишуваат, се бришат, се разменуваат, сè со цел да има напредок пред средбата на премиерите на двете земји во Софија, а главната разлика во разговорите и понатаму е ерга омнес. Инаку, двајцата премиери треба да се сретнат во Софија или утре доцна попладне или задутре наутро, а не се исклучува можноста да има и две средби.  

Клучната пречка за постигнување договор, според „Катимерини“, се чини дека е употребата на името што ќе се договори. Атина исто така инсистира тоа да се внесе во Уставот, а за тоа не само што има противење во Скопје, туку и владата нема доволно мнозинство за да поминат такви промени во Парламентот.

Весникот пишува дека постои договор за „меки“ политички прашања, согласувајќи се за поголема економска соработка, како и соработка во образованието и културата. Но, додека не се решат сите прашања нема да има конечен договор меѓу Атина и Скопје.

„Сепак остануваат нерешени ерга омнес, начинот на кој ќе се одобри договорот во ПЈРМ, особено уставната ревизија, државјанството и јазикот на соседната земја“, додава „Катимерини“.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе