Според стенограмите од лидерските средби во Скопје

Катимерини: Ципрас се согласил брзо да ги признае македонскиот идентитет и македонскиот јазик

Грција се согласила брзо да ги признае македонскиот идентитет и јазик, а Ципрас во јануари изгледаше мошне заинтересиран за брзо завршување на договорот со Македонија за да може по летото да се кандидира за избори, со склучен договор за името и Грција спасена од должничката криза, велат стенограмите од македонските лидерски средби за преговорите со Грција пред да биде потпишан договорот за името, до кои дошол грчкиот весник Катимерини.

Стенограмите од лидерските средби во Македонија пред потпишувањето на Преспанскиот договор во јуни укажуваат дека македонските лидери сметале дека договорот полесно ќе се потпише со левичарската влада во Грција.

Со двете лидерски средби на 27 јануари и 19 мај во Скопје претседаваше претседателот Ѓорге Иванов, вели Катимерини. Првата лидерска средба се одржа помалку од две недели пред да почнат преговорите под покровителство на специјалниот претставник на Обединетите нации, Метју Нимиц, додека втората беше свикана кога се вртеше името „Илинденска Македонија“.

Според стенограмот од средбите, од кои мали извадоци на 19 мај објави германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг, повеќето елементи од Преспанскиот договор веќе биле договорени, со исклучок на името.

Стенограмот открива и дека во јануари Македонија не дискутирала за грчкото барање за уставна ревизија, додека употребата на името, внатрешно и на меѓународно ниво, била предмет на дискусија. Договорот за обете прашања бил постигнат до мај, непосредно пред склучувањето на преговорите.

Во стенограмот се нагласува дека Грција се согласила брзо да го признае македонскиот идентитет, а веднаш потоа и македонскиот јазик. Премиерот Алексис Ципрас во јануари изгледаше мошне заинтересиран за брзо завршување на договорот со Македонија, вели Катимерини, за да може по летото да се кандидира за избори, со склучен договор за името и Грција спасена од должничката криза.

Меѓутоа, до мај, овој наратив стивна. Во однос на Неа демократиа, стенограмот од јануарската средба покажува дека нејзината реакција на договорот би можело да биде позитивна. Сепак, ова се смени до мај, кога македонскиот лидер изјави дека договорот не може да биде постигнат со влада на Неа демократиа. И двете средби покажале голем јаз меѓу Иванов и владата на Заев, вели Катимерини.

Средбите, исто така, покажале дека постои загриженост од опасноста од руското мешање за да не се постигне договор за името со Грција.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе