Изет Меџити, Блерим Беџети и Кастриот Реџепи викендов на своите фејсбук-профили објавија заедничка фотографија која ја насловија „заедно“. Истакнатите членови на ДУИ, Меџити (пратеник) и Беџети (актуелен градоначалник на Сарај) се потписници на писмото во кое бараа смена на Артан Груби и промени во партијата. На т.н. „огнена група“ од викендов, барем според фотографијата, најверојатно им се приклучи и поранешниот член на Беса и актуелен независен пратеник Кастриот Реџепи.