Касами: Заев не си стои на зборот, aко ВМРО-ДПМНЕ коалицира со ДУИ, Груевски ќе биде премиер

Ќе коалицираме само со победникот во македонскиот блок, изјави синоќа лидерот на движењето Беса, Билал Касами на емисијата „Клик плус" на ТВ 21.

„Ако мојата партија има можност да учествува во формирањето на новата влада по вонредните парламентарни избори догодина во април, ќе коалицира само со победникот во македонскот блок. Ако опозициската ВМРО-ДПМНЕ после избори повторно коалицира со ДУИ, тогаш се отвора можност Никола Груевски, актуелен азилант во Унгарија, повторно да биде премиер“, изјави Касами.

За актуелниот премиер Зоран Заев рече дека е измамник кој не си стои на зборот. Што се однесува до членството во НАТО, рече дека Северна Македонија треба да го следи примерот на Црна Гора.

За Касами погрешно е тоа што Законот за употреба на јазиците беше испратен до Венецијанската комисија

„Да седнеме на заедничката маса и да ја артикулираме официјализацијата на албанскиот јазик“, рече лидерот на Беса во емисијата.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе