Локални избори

Касами во Тетово порача: Да ги победиме ДУИ на локално, па да ги тргнеме и од централно ниво

Со завршен митинг на градскиот плоштад во Тетово претседателот на Беса и кандидат за градоначалник на Тетово, Биљал Касами ја заврши предизборната кампања пред вториот круг во недела. Покрај Касами на митингот се обрати и Вулнет Мурсели, кој беше кандидат за градоначалник од Алијанса за Албанците, партија која најави поддршка за Беса во вториот круг.

Касами пред присутните на плоштадот рече дека Тетово е обединето и без разлика на партија, вера и нација ќе го казни осумгодишното неработење на Теута Арифи.
„Ги повикуваме сите граѓани на Тетово со право на глас, без разлика на партиска, етничка или верска припадност, да го остварат своето право, да излезат и да гласаат за промени. Верувам дека граѓаните ќе ја поддржат оваа коалиција, затоа што веќе се разочарани и доста им е од ова пропаднато раководство, кое нема создадено ништо добро за граѓаните. Еднаш засекогаш во локалната власт ДУИ ќе биде тргната од сите општини во полошкиот регион, и зошто да не, на следните избори и од централната власт“, порача Касами и додаде дека в недела волјата на тетовчани ќе биде против Теута Арифи. Според Касами управувањето ќе биде заедно со граѓаните за да може да се врати како што рече изгубеното време за изминатите осум години.
„Само така заедно во недела, и од понеделник ќе бидеме на чело на општината, зошто Тетово ќе ѝ се одземе на Теута Арифи и ќе се врати на граѓаните на Тетово. Теута Арифи не направи ниту еден проект за да ги задржи младите тука, затоа ние сме внимателни, секој млад со идеја за бизнис, да му ги овозможиме сите административни процедури, за да почне со бизнисот и за да ја обезбеди својата иднина тука. Од понеделник ние заедно ќе го управуваме овој сакан град, ќе ги реализираме сите проекти заедно за нашата иднина и иднината на нашите деца. По 4 години ќе зборуваме повеќе за култура, за наука, за животот на младите, да зборуваме повеќе за европски услови за живеење, не за европско Тетово на Теута Арифи, туку за европско Тетово какво ние сакаме“, истакна Касами.
На последниот ден од политичката кампања за локалните избори, кандидатот за градоначалник на Тетово и лидер на Беса, Биљал Касами ги повика граѓаните да гласаат за промени, зошто, како што вели, доста е од ова пропаднато раководство.
 

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе