„Најдиректна одговорност треба да побараме од Министерот за внатрешни работи. Тој е избран во Собрание и таму треба да објасни. Прашуваме каде е човекот, каде е Мијалков, како побегнал, кој му помогнал?. Ако не успее да даде одговор на овие прашања, тогаш ќе бараме политичка одговорност. Ние политичка одговорност не можеме да побараме од обвинителството туку само од Министерот за внатрешни работи“, истакна Касами.