Втор конгрес на партијата

Касами останува лидер на Беса, за потпретседател избран Хоџа

Билал Касами останува на лидерската позиција на движењето Беса, а заменик претседател ќе биде досегашниот генерален секретар Аријанит Хоџа. Функцијата заменик претседател за прв пат е воведена на денешниот Втор конгрес на партијата што се одржа во Скопје.

Инаку, Касами немал противкандиат за претседателската функција. 

„За мене е голема чест истовремено и одговорност да бидам на чело на една партија која докажа дека е доследна на принципите за кои се залага дека е заштитник на сите на кои им се прави неправда“, рече Касами.

Централниот одбор и другите раководни партиски тела ќе бидат назначени дополнително.

Касами истакна дека Беса се враќа на политичката сцена „на голема врата“, како и дека остануваат посветени на проблемите на обичниот граѓанин и на членството во Европската унија.

„Ќе се залагаме за еднаквост, слобода и за продолжување на патот кон целосна интеграција на Македонија во ЕУ. Особено по последните случувања во Украина, ќе треба да се залагаме за целосно зачленување во ЕУ, затоа што само така ќе бидеме побезбедни и ќе можеме да создадеме подобра иднина“, изјави тој.

Како опозициска партија, Касами рече дека Беса  ќе се залага за што побрзо одржување на предвремени избори, затоа што, како што нагласи, власта не е спремна да ги заштити интересите на граѓаните, особено во сложената ситуаија во која што се наоѓаме.

Одговарајќи на прашање на новинарите, Касами рече дека партијата се залага за здружување на опозициските партии, но доколку не дојде до тоа, подготвени се на следните избори да излезат и самостојно.

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе