Касами изјави дека е свесен дека го чека голема работа и рече дека размислува да ангажира експерти со цел да се изврши ревизија на работењето на општината во изминатите години, пренесува порталот Телеграфи.
„Од овој момент ќе започне санирањето на моменталната состојба на општината. Ќе ангажираме специјалисти за целосна ревизија на општината. Граѓаните треба да знаат како функционирала нивната општина. Администрацијата која добро си работеше нема причини да стравува од моето доаѓање, но оние кои само примале плата, најдобро е самите да си заминат или да се пензионираат“, изјави Касами.
Теута Арифи по врачувањето на мандатот му посака успех на новото раководство на општината и им се заблагодари на граѓаните и нејзиниот кабинет за поддршката.
Арифи го водеше Тетово во два градоначалнички мандати, а во неделата, по објавувањето на првичните резултати од гласањето, излезе пред новинарите и го призна поразот, честитајќи му ја победата на Касами и порачувајќи му дека Тетово е општина со голем број предизвици.