Претседателски избори 2019

Касами: Имаме одлична можност да докажеме дека Македонија треба да биде 30-та членка на НАТО

Претседателот на Движењето Беса, Билал Касами во придружба на сопругата го оствари правото на глас во гласачкото место 1947 лоцирано во објектот на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ" во Тетово во 11 часот и 30 минути.

„Денеска сите граѓани на Северна Македонија имаа можност да докажат дека сме одделени еднаш за секогаш од начинот за размислување што ни се сервираше повеќе од 40 години во монизам и речиси 30 години во демократија, каде државните работи беа определени само за припадниците на еден народ, една етничка група. Сега имаме одлична можност да докажеме во годината кога Македонија треба да биде 30-та членка на НАТО и да почне пристапни преговори за Европска унија да докажеме дека сме спремни да ги поделиме и споделиме вредностите на Европската унија. Јас ја искористив таа можност. Им честитам и им
посакувам на сите граѓани на Северна Македонија да имаме фер, демократски и признаени избори“, рече Касами

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе