Прес-конференција на Движењето Беса

Касами: Чест ни е што кон Беса се приклучи националниот деец Лимани со приврзаниците

„За нас е голема чест што националниот деец Фатмир Лимани, кој целиот свој живот го посвети на националната кауза, заедно со своите приврзаници, стана дел од Движењето Беса. Бараме предвремени парламентарни избори, најавуваме можност за уште пошироко опозициско окрупнување“, рече лидерот на Беса Биљал Касами. На прес-конференцијата Лимани рече дека во Беса прифатиле негови политички стратегии, кои се насочени кон општество со нула корупција со иднина за младите кои годиниве бегаат во странство.

Касами оцени дека со приклучувањето на Лимани се зајакнуваат редовите на Беса, а дека овој настан, како што рече, претставува важен чекор за зајакнување на албанската опозиција.

„Нудиме конкретни мерки и политички иновации давајќи шанса за интеракција со сите опозициски политички сили, без разлика дали се тоа партии, невладини организации или професионалци од академската и деловната сфера, со единствена цел да ја урнеме оваа власт. Да потсетам, оваа власт си игра со државата, ја претвори во арена на искривување на волјата на народот, во пазар за купување пратеници, а криминалот и корупцијата станаа составен дел од општеството“, рече претседателот на Беса Биљал Касами.

Тој оцени дека со Фатмир Лимани и неговите прврзаници политичкото патување на Беса, кое започна лани со излегување од Владата, да биде заокружиме со победа на следните парламентарни избори во рамки на политичкиот блок на Албанците.

Касами рече дека на земјата ѝ се потребни брзи парламентарни избори и на новинарско прашање одговори дека е можна и лидерска средба, доколку има консензус и кај другите опозициски партии.

Фатмир Лимани во своето обраќање на прес-конференцијата рече дека по добриот изборен резултат како самостоен кандидат за градоначалник на Кичево и одличниот одглас, како што нагласи, во други општини,  одлучил да го зајакне својот политички ангажман и да се приклучи на Движењето Беса со чиј лидер Касами договорил и заеднички стратегиски прашања кои стануваат дел од дејствувањето на партијата.

„Посебен акцент Беса ќе стави на бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот, на кој план феномен е актуелната Влада, на чие конто се нижат најголемите неуспеси. Поради ваквата власт, странските инвеститори ја заобиколуваат нашата земја, а тоа им ја отвора вратата на младите да бегаат од татковината“, рече Лимани.

Тој рече дека треба напорно да се работи за создавање на работни места во приватниот сектор и преку елиминација на дел од државната бирократија

„Исто така, посебно внимание треба да им посветиме на оние кои дале придонес за нас, а по воениот кофликт се на маргините. Семејствата на мачениците и ранетите во 2001 година, ќе имаат посебен и приоритетен третман. Во овој дел ќе тргнеме почнувајќи од локалната власт што ја раководи Движењето БЕСА, од Тетово и Желино“, рече Лимани.

Тој ги повика, како што рече, граѓаните, млади, интелектуалците да се приклучат кон Беса.

Инаку, Лимани е внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети, во еден период беше заменик-диерктор на ЕСМ, а минатата година ја напушти таа партија незадоволен од практилувањето на власта и самостојно се кандидираше за градоначалник на Кичево освојувајќи близу 5 илјади гласови.

П.Џамбазоски

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе