Предизборната коалиција која што Беса ја имаше со СДСМ, вели Касами два пати ќе го натераат да се размисли дали е потребна друга коалиција со ВМРО-ДП;МНЕ која е исто така во опозиција.
„Нема да влеземе со барање за избори и да им создаваме дополнителни проблеми на граѓаните и на државата. Но, нашето барање до партнерите меѓународниот фактор е дека мора да имаме дополнителни механизми за контрола на Владата. Ако утврдиме дека ситуацијата на Балканот поради војната во Украина не е за предвремени избори, тогаш дефинитивно мора да договориме дополнителни механизми за контрола на Владата за да се заштитиме од високата корупција. Искуството од формална соработка пред изборите со СДСМ нè става во позиција двапати да размислиме за следниот чекор, во смисла дали ќе правиме предизборна коалиција кога едно ќе се ветува, а нешто друго ќе се реализира", изјави Касами.