Локални избори

Караванот на СДСМ - „Најдоброто” тргнува во кампања од Битола

Караванот „Најдоброто за мојата општина” утре ги започнува своите активности во рамки на кампањата за претстојните локални избори, а утрешниот централен настан е закажан во Битола во 20.00 часот, откако претходно караванот ќе биде со граѓаните на Демир Хисар. 

Во вторник караванот е во скопските општини Чаир и Кисела Вода по што ќе следува предизборна конвенција на кандидатот за градоначалник и листата за советници за Град Скопје.

Караванот своите активности ќе ги заврши на 15 октомври со голем граѓански настан во Куманово.

СДСМ, како што најавуваат оттаму, со својата кадровска и програмска понуда, во овие денови ќе ја посети секоја општина, секое населено место.

 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе