вторник, 16 април 2024
Претседателски избори 2024

Сиљановска-Давкова: Македонија мора да биде горда, а народот е изворот на нејзината гордост

Оваа глетка во Валандово, ќе се насмеете, ме потсетува на калинката. Ни треба единство, ни треба консензус за најважните прашања. Треба да се сплотиме како калинка, сите, без оглед на каква било припадност. Особено треба да се сплотиме со дијаспората, порача претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска-Давкова.

Објавено на

часот

Сподели

„Во годините на крајот на 19 век низ Европа, особено во Лондон во Бајроновото друштво, се дикутирало за Балканот и за Македонското прашање. Еден од најпопуларните британски премиери, Вилијам Гледстоун го напишал писмото до Бајроновото друштво со наслов: Зошто не Македонија на Македонците? Во писмото вели: Зошто и тој мал народ да не си ја земе судбината во свои раце? Така ќе има гаранција за мирот. Сега повторно, мора да си ја земеме судбината во свои раце“, рече Сиљановска-Давкова.

„Дали оваа власт ве прави горди? Дали сме горди кога прифаќаме рамка што ниту една друга земја – кандидат ја немала? Дали сме горди кога за нас се поставуваат посебни услови? Дали сме горди кога сиромаштијата е најголема во Европа? Дали сме горди кога егзодусот на младите е неповратен? За жал, Валандово се празни. Затоа граѓаните треба како река на 24-ти април и на 8-ми мај да покажат дека тие се носителите на суверенитетот“, истакна Сиљановска-Давкова.

Според неа, Македонија мора да биде горда, а народот е изворот на нејзината гордост.

После 6 и половина години порази, омаловажувања и срам кои ги трпеа граѓаните во Македонија поради власта на ДУИ и СДС, редно е да ја ослободиме Македонија од овие пранги и да ја направиме и горда и твоја заедно со народот. Да ја вратиме Македонија повторно на народот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Валандово.

Мицкоски истакна дека денеска постојат граѓани од прв ред и тоа се тие кои орбитритраат околу раководството на ДУИ и нивните измеќари од СДС и тие ги уживаат сите привилегии, за нив не важат закони, местат тендери, го ограбуваат народот, никому сметка не полагаат за тоа што го прават изминативе 6 и половина година и сите ние останатите сме граѓани од втор ред.

Затоа се создава чувство кај младите, кај граѓаните дека не е само економската причина зошто се напушта Македонија, туку и дека нема правда, бидејќи неправда има насекаде. Несигурност, немање перспектива бидејќи има граѓани од прв ред за кои ништо не важи и сите останати сме од втор ред, додаде Мицкоски.

Toj нагласи дека во минатото СДС продаваа лага за живот и дека ќе донесат едно општество за сите, а сега состојбата е што  Фридом хаус, реномирана институција вели дека споредено со состојбата пред 6 и половина 7 години уназадуваме и според ниво на корупција и според ниво на демократија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ