„Уште долго ќе чекаат за влез“

Каракачанов пак се јави: Не може со инает каков што гледаме во Скопје да се оди во ЕУ

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, во денешното гостување во емисијата „Ова утро“ на бугарската национална телевизија БТВ ги повтори ставовите и заканите за Македонија, изјавувајќи дека ако Северна Македонија продолжи да се однесува како ментор на Бугарија и како земја којашто ги определува условите, уште долго време ќе чека да влезе во ЕУ.

„Бугарија има право да бара од земјите кандидати за членство во Унијата да исполнат  одредени услови. Еден од условите е нашата национална безбедност. Не може со таков инает, кој го гледаме во Скопје- ‘ама ние сакаме’, и јас можеби сакам многу работи во овој живот, ама нешто што не е мое како да го сакам, а тие сакаат сѐ. Не може да имаш претензии за бугарската историја, не може да не им се извиниш на оние луѓе што си ги убивал и тормозел десетици години, само затоа што биле Бугари и да ми кажеш ‘ама ние имаме идентитет со векови’“, рече Каракачанов, одговарајќи на прашањето што ќе се случува во односите со Македонија.

Тој го повтори ставот изнесен многу пати досега дека македонскиот идентитет во 1944 година бил создаден со насилства, убиства и репресии кон Бугарите.

„Знаете ли дека во Македонија во 1945 се носи закон, можеби и во нацистичка Германија немало таков, за заштита на националното име и чест, според кој секој што ќе каже дека е Бугарин, можеш да добиеш до пет години затвор. Не Албанец, ако кажеш дека си Албанец немаш проблем, ако кажеш дека си Турчин немаш проблем, ако кажеш дека си Србин ќе ти ракоплескаат. И сега тие луѓе ми кажуваат дека самите од себеси добиле некаков идентитет, и тоа го кажува политичката елита, тоа не може да се случи“, изјави Каракачанов.

 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе