Софија

Каракачанов: Нема да гласам за Македонија во НАТО, aко земјата не престане да ја фалсификува историјата

Красимир Каракачанов, бугарскиот министер за одбрана, во изјава за бугарските медиуми вели дека нема да гласа за прием на Македонија во НАТО кога ќе треба да се ратификува согласноста.

Каракачанов вели дека во комисијата за решавање на историските прашања меѓу двете земји нема напредок, дека кај македонските претставници имало голем дрскост и дека Македонија треба да го „промени фалсификувањето на историјата“.

„Не се согласувам со тоа Бугарија да постигнува компромис за својата историја“, изјави претседателот на бугарското ВМРО, коалициски партнер во владата на Бојко Борисов.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе