Каракачанов: Ако сакаше Јордан Камчев да бeгa од peкeтoт на Заев, Виктор Димовски никoгaш нeмaшe да дознае

Македонија е земја во која власта на Зоран Заев сака на бизнисмените да им ги земе парите со рекет, а успешните луѓе да ги прогонува, изјави Красимир Каракачанов, вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија, во изјава за „Инфомакс".

„Ако сакаше Јордан Камчев да избега од Македонија тој воопшто немаше да се врати таму. Тој е бугарски државјанин, беше тука кај нас минатата година, можеше и да не се врати. Имаше можност и со бугарската лична карта легално да ги премине границите со Грција, Бугарија и Албанија – тоа тој не го направи“, вели Каракачанов.

Бегство на бизнисмен од класата на Орце Камчев, објаснува Каракачанов, е многу тешко да биде детектирано дури и за бугарските служби бидејќи тие луѓе имаат многу пари, и ако имаат вистинска намера да избегаат од државата најчесто можат да си ја купат слободата и со туѓа државна помош да заминат.

„Бегство со помош на трета држава се организира многу едноставно – ќе го земат со дипломатско возило и ќе го извадат од државата. И толку“, вели во изјавата Каракачанов.

Бугарскиот министер за одбрана го обвини директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Виктор Димовски за „лажење“ и „тропање глупости“, нарекувајќи го „бандит“.

„Тие информации дека бугарски агенти му помагале на Јордан Камчев да организира бегство од Македонија се целосна глупост. Лага на Виктор Димовски и неговата банда. За тоа нема никакви докази“, изјави Каракачанов.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе