Инцидент во Мелник

Канзуров ги фрли венците на македонските организации на споменикот на Јане Сандански

Виктор Канзуров и неговата сопруга Станислава, денеска преку Фејсбук се пофалија дека ги фрлиле во канта венците на ОМО Илинден на  споменикот на македонскиот револуционер Јане Сандански во Мелник, Бугарија.

Виктор Канзуров е познат државјанин на Македонија, самопрогласен деец и борец за правата на Бугарите во Македонија.

Колку ниско може да падне еден „борец за права“?! Многу ниско. Го докажа тоа „борецот за права“ Виктор Канзуров, реагираше Стојко Стојков, копретседателот на ОМО Илинден-Пирин, нерегистрираната партија на Македонците во Бугарија.

„Поминаа три недели откако македонските организации во Бугарија му оддадоа почит на Јане Сандански. Три недели нивните венци беа на споменикот на војводата во Мелник и никој местен не се најде да ги тргне, а дури ниту туристите од Бугарија. Ама се најде „јунак“ – „борец за права“, Бугарин од Република Македонија, кој ја зел за помошник во големото дело и својата жена, па дојде и ги фрли во корпа венците дадени за почит на војводата. Да газат на лентата на организацијата на Репресираните Македонци во Бугарија жртви на комунистичкиот терор, на луѓе што лежеле во бугарски затвори затоа што се Македонци и кои за разлика од измислените непостоечки „репресирани Бугари“ во Македонија ги имаат своите пресуди тоа да го докажат.

И да се фали преку жена си со тоа на фејсбук!

И секакви националисти и македономрасци од Бугарија да го слават за тоа.

Достоен херој на бугарштината. И срам за човештината!

Македонците од Бугарија преку своите организации повеќе пати имаат искажано поддршка спрема припадниците на бугарското малцинство во Македонија – но никогаш не добиле ист третман од самоповиканите претставници на Бугарите во Македонија. Еве го одговорот.

Поминаа веќе неколку месеци во кои организациите на Македонците во Бугарија ги повикуваа организациите на Бугарите во Македонија да излезат заеднички пред двете влади за решавање на проблемите, признавање на двете малцинства и давање на сите меѓународно гарантирани права. Но или не добија одговор или добија негативен.

А сега на тоа се додаде и отворениот непријателски акт од Виктор Канзуров и жена му, кои дојдоа специјално за да им ги тргаат венците на македонските организации во нивниот сопствен крај, да ги газат и демонстративно да ги фрлаат во корпа.

Замислете некоја организација на Македонци од Бугарија да тргне низ Р. Македонија да ги фрла венците поставувани од бугарски организации. Не можете. Ние имаме достоинство.

Не, не сме исти – ние македонските активисти во Бугарија сме борци за права не само за Македонците, за права на сите, додека оние како Канзуров и сличните на него, се просто примитивни националисти, кои се борат своите перверзни соништа да ги претворат во ноќна мора за останатите.

Врз такви луѓе се потпира бугарската антимакедонска политика. Таква политика само такви луѓе и може да најде“, напиша во својата реакција Стојко Стојков.

 

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе