Претседателски избори 2019

Кандидатурите до ДИК треба да се поднесат до 21 март, кампањата почнува на 1 април

Кандидатите за претседател на Републиката до Државната изборна комисија треба да ги поднесат кандидатурите најдоцна до 21 март, а изборната кампања треба да почне на 1 април. За официјализирање на претседателската кандидатура потребно е претендентите за шеф на државата да достават 10.000 граѓански или 30 пратенички потписи.

 

Во моментов, како што велат од ДИК, потписи собираат седум кандидати, а досега само кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова ги има собрано потребните потписи.

Сé уште е неизвесно дали заедничкиот кандидат на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски до ДИК ќе достави потписи од граѓани или од пратеници. Од СДСМ велат дека размислуваат и за двете варијанти.

Потписи собира и Блерим Река, кого го поддржаа Алијансата за Албанците и БЕСА, како и неколкумина други најавени кандидати.

Собирањето потписи започна на 23 февруари, а ќе трае до 9 март, додека доставувањето на кандидатурите завршува на 21 март.

На 14 март истекува и рокот за увид во избирачкиот список и пријавувањето за гласање на дијаспората. 

Досега се регистрирани само 413 македонски граѓани кои своето избирачко право ќе го остварат во дипломатско конзуларните претставништва на земјава.

Првиот изборен круг за шестите претседателски избори е закажан за 21 април, а вториот ќе се одржи на 5 мај.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе