Политички потези пред вториот изборен круг

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево ќе биде поддржан од Алијанса за Албанците, вели Таравари

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците Арбен Таравари најави дека партијата ќе ги повика своето членство и симпатизерите во вториот изборен круг да гласаат за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево. ДУИ е нашиот политички противник, вели Таравари и најавува носење и на партиска одлука да биде поддржан секој кандидат од која било партија кој за противник има кандидат од ДУИ.

Алијансата за Албанците во вториот изборен круг се очекува да го поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во општина Кичево, изјави генералниот секретар на оваа партија, Арбен Таравари.

„Но секако, мора да седнеме со нашиот коалициски партнер (Алтернатива, н.з.) и верувам дека за два - три дена ќе ги имаме партиските позиции кои ќе бидат официјализирани од органите на партиите. Наш политички противник е ДУИ, и секој кандидат кој не е од ДУИ сметам дека треба да биде поддржан од албанската опозиција и тоа во сите општини без исклучок", рече Таравари, а пренесува Тетова сот.

Инаку, во општина Кичево, натпреварот за градоначалничката функција се одвива помеѓу Александар Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ и Фатмир Дехари од ДУИ. Таравари најави дека ќе биде поддржан и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница.

Таравари вели и дека испил кафе со шефот на изборниот штаб на Беса Аријанит Хоџа и дека и нему му бил пренесен ставот дека Алијанса за Албанците има еден главен политички противник - ДУИ.

Инаку, на Беса која е партнер во Владата на Заев, ќе ѝ биде потребна поддршка од албанската опозиција со цел нивниот лидер Биљал Касами да може во вториот круг да ја победи актуелната градоначалничка од ДУИ Теута Арифи. Сепак, Алтернатива, која е пак, коалицискиот партнер на Алијанса, засега не сака да му даде поддршка на Касами.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе