Локални избори

Кандидатите за градоначалник на Центар Жупа одржаа митинзи и меѓу печалбарите во Италија

Двајцата кандидати за градоначалник на Центар Жупа, Аријан Ибраим и Неваип Исмаил, своите изборни програми ги претставија и во Италија пред своите сограѓани, кои живеат и работат таму. 

Според изборните штабови на кандидатот Арјан Ибраим од ТДП и Неваип Исмаил од ТХП-СДСМ, на митинзите во областа Венето, каде што има најголем број печалбари од општина Центар Жупа, над четири илјади, двајцата кандидати ја претставиле својата изборна програма, а воедно и ветиле поповолни услови за инвестирање на печалбарите во својот роден крај.

Во нивните изборни програми се најавува економски развој на Жупа, што би условило враќање на дел од печалбарите во родниот крај, пренесе МИА.

Аријан Ибраим, кој на оваа функција беше во изминатите четири години, предлог е на ДПТ, која е дел од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Неваип Исмаил, пак, беше прв градоначалник на општина Центар Жупа по територијалната поделба и осамостојувањето на општината.Тој е предлог на ДХП,која е дел од коалицијата преводена од СДСМ. 

Според здруженијата на печалбарите од Жупа во Италија, на сите локални избори од Италија на организиран начин доаѓаат голем број печалбари. Нивното учество е клучно за резултатите на локалните избори, велат претставниците на здруженијата на печалбарите.

На локалните избори на 15 октомври, за место во 11-члениот општински совет кандидатски листи имаат пет политички субјекти. Во оваа општина ќе се гласа на 16 избирачки места, а право на глас имаат над шест илјади граѓани.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе