Кандидатите на ДУИ ќе бидат апсолутни победници на локалните избори, најавува Груби

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби оценува дека кандидатите на ДУИ ќе бидат апсолутни победници на локалните избори.

За Груби правилна е одлуката Рамиз Мерко повторно да биде кандидат на ДУИ за градоначалник на Струга.

„Одлуката е правилна и донесена по големи неколкумесечни истражувања кои ги направивме во рамки на ДУИ. Направивме посебни анкети во сите градови, со по 1.000 луѓе анкетирани во секој од овие градови. Анкетите ни покажуваат дека имињата кои ги претставивме вчера всушност се најподдржани од сите граѓани. Но, не само од една заедница, туку од сите заедници, вклучително и со примерот на Мерко. И затоа следствено на тие резултати донесовме таква одлука, која ќе треба дополнително да се потврди на седница на Централниот совет“, рече Груби, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Државниот архив.

Пред неколку дена Груби, најавувајќи ја кандидатурата на Мерко за нов мандат, рече дека „Рамиз е добар градоначалник и за Македонците и за Албанците, и за Турците и за Ромите“.

„На присутните им испратив порака од господинот Ахмети дека господинот Рамиз Мерко ќе биде кандидат за уште еден мандат во Струга на локалните избори за 17 октомври затоа што сме убедени со господинот Мерко ќе победиме и ќе продолжи успешното менаџирање со Струга, затоа што тоа го бараат и граѓаните“, изјави тогаш Груби.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе