АНАЛИЗА НА „СКУП“

Канческа-Милевска за еден ден во „Хилтон“ платила 4.300 евра, а пазарела во „Версаче“

Поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска за еден ден во хотел „Хилтон“ платила 4.300 евра од службената кредитна картичка, а таа била и чест гостин на познатите хотели „Шератон“ и „Риц“ во европските и светски метрополи, во кои за ноќевање плаќала по 300 евра од вечер, покажува анализата на „Скуп“.

Картичката, според податоците до кои дошле, се користела за сѐ и сешто,од набавка на апарат за кафе-Неспресо, преку набавки во „Зара хоум“ во Солун, познатиот грчки шопинг центар „Нотос Галерис“, потоа „Балдинини“ во Венеција, Монклер УК ЛТД во Лондон, но, пазарела и во грчката продавница Публик, позната по техничка стока, потоа во продавници на ЦУМ и Харли Дејвидсон (препознатливи во марката мотори), каде е плаќано во рубли.

Во анализата се додава дека многу често повеќе плаќала во шопинг центри и продавници отколку за престојот во познатите туристички места и метрополи. Картичката најчесто била користена во странство, а поретко дома и тоа најчесто во познати ресторани, а еднаш и во книжарницата „Просветно дело“.
Со трошоците стигнувале и опомени и затезни камати, поради ненавременото уплаќање на рати на „Дајнерс“ картичката, која министерката ја носела на патувањата, каде не секогаш одела сама. Еден од долговите е на сума од над 500 евра. На истата оваа картичка вадела кеш, но и уплаќала пари.

Според документите до кои дошол Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија добиени по Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Министерството за култура располагало со три службени картички кои ги користеле тројцата први луѓе во министерството-министерката, заменик-министерот и државниот секретар.
Сумите кои ги плаќал заменик министерот Драган Недељковиќ се многу помали од оние на Канческа-Милевска. Според изводите од картичката, тој бил почест гостин на регионалните хотели и кафеани, патувал на релација Белград, Загреб, Скопје, Охрид, Мрзенци, често ја користел на безнински пумпи, а еднаш и во аптека. Сепак, и неговото салдо било во минус.
Државниот секретар Музафер Бислими, пак, бил чест гостин во ресторанот „Тиволи“ во Тетово, додека неговиот наследник Бехиџудин Шехаби картичката ја користел во познати скопски ресторани и слаткарници. Во неколку наврати бил клиент и во Буши Фешн ДОО, познати по широката палета на „сваровски“ накит која на нудат на пазарот.
“Во министерството, според министерот Роберт Алаѓозовски, не постоел Правилник во врска со трошењата за репрезентација, па имало галатност во трошењата.

„Пари се трошени несоодветно. Вработените ги користеле репрезентациите. Дури и кетеринг организирале однадвор за да се носи храна во канцелариите“, изјавил  Алаѓозовски.

 

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе