Предвремени парламентарни избори

Кампањата со „бомби“ продолжува, снимка како Јанушев и Јанакиески договараат авиони од Тревизо и Цирих

На јутуб каналот „Обнова на режимот“ и денеска се објавија нови снимки од прислушувани разговори, овојпат наводно меѓу Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Од објавените снимки може да се заклучи дека Јанушев и Јанакиески договарале организирање авионски превоз за македонските граѓани од Италија и Швајцарија за да учествуваат на изборите во 2016 година во Македонија, а чартер летовите требале да бидат платени од „Бетон“ Скопје.

Во првиот разговор се слуша договор за организирање на летови, за „нашите“ од Тревизо и Цирих. За тоа кој да ги плати летовите се споменуват „на Ивановиќ сестра ѝ“ и „Бетон“.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе