Кампања на ФООМ - Ако имаш мислење, гласај!

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) денеска почна медиумска кампања која има за цел да ги мотивира и охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори во април 2020 година.

„Гласањето е право кое граѓаните имаат шанса да го искористат на избори, но често тие не се сигурни дека тоа ќе направи разлика. Оваа медиумска кампања ќе се обиде да допре до граѓаните и да им посочи дека вклученоста и гласањето на избори се единствениот начин на кој граѓаните можат да направат разлика и да влијаат на одлуките кои подоцна пак имаат директно влијание врз нив.

Кампањата ќе посочи дека и покрај тоа што можеби политиката некому лично не му е важна, сепак сите важни работи во животот зависат од политиката. Прашањата врзани со слобода на говор, социјални политики или пак со транспарентност и отчетност на властите, се прашања од кои зависи квалитетот на живот на граѓаните, и во суштина, се политика.

Воедно, кампањата ќе се обиде да потенцира дека гласањето на избори е всушност гласање за политики кои имаат за цел создавање на отворено, демократско и функционално општество. Гласањето на избори значи изразување на мислење за тоа кои се оние кои ќе носат одлуки во име на граѓаните во наредните години имајќи ги предвид политиките кои тие ќе ги застапуваат.

Во рамки на кампањата се изработени ТВ спотови, радио спотови, веб-банери како и комуникација за социјалните мрежи“, соопшти ФООМ.

 

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе