Атина

Каменос: Со изјавите на Заев заврши опстанокот на Договорот од Преспа

Неодамнешните коментари на премиерот Зоран Заев од БЈРМ за „македонскиот" идентитет и јазик, „ставија крај на секоја дискусија во врска со опстанокот на т.н. Договор од Преспа", рече грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос.

„Иредентистичкото и провокативно однесување на Скопје покажува дека оваа земја не е подготвена да биде дел од меѓународната организација и ги оправдува сите оние кои од самиот почеток инсистираа на тоа дека тие се заробени во пропагандата на Мусолини и Тито", рече Каменос, лидер на помалиот владин коалициски партнер Независни Грци (АНЕЛ).

Тој реагира на изјавите на Заев дека „ние сме Македонци, кои го зборуваат македонскиот јазик и никој не може да го негира тоа и дека македонскиот јазик ќе се изучува и во Грција, меѓу Македонците во таа земја.

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе