Атина

Каменос: Нема да го прифатиме терминот „Македонија“, никогаш не сме соработувале со оние што ни ја крадат историјата

Малата националистичка партија Независни Грци ќе излезе од коалицијата на левичарската влада на Грција кога во Парламентот ќе дојде договорот со поранешната југословенска Република Македонија, изјави денеска партискиот лидер и министер за одбрана Панос Каменос.

Екатимерини ја објави изјавата на Каменос дека договорот за името, кој пред два дена помина во парламентот во Скопје, за Независни Грци (АНЕЛ) е „последната капка“ ако левичарската Сириза го донесе договорот на ратификација во Парламентот, по што неговата партија ќе ја напушти владината коалиција.

„Соработувавме за да ја спасиме земјата“, рече Каменос за сојузот, кој последниве неколку дена се соочи со засилен притисок откако шефот на АНЕЛ, кој е и министер за одбрана, месецов во Вашингтон непланирано почна да претставува своја сопствена алтернатива за договорот што би ја преименувал балканската земја во „Северна Македонија“.

„Ние сме јасни во однос на нашата позиција - нема да го прифатиме терминот 'Македонија'. Никогаш не сме соработувале со оние што сакаат да ја крадат нашата историја“, рече Каменос.

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе