Каменос: Договорот од Преспа нема никогаш да се имплементира

Коалицискиот партнер во грчката Влада, Панос Каменос, не отстапува од неговиот став дека Македонија нема да стане членка на НАТО, а Договорот од Преспа нема да се имплементира.

Грчката новинска агенција АНА-МПА јавува дека, Каменос пред грчките новинари во Брисел, рекол дека Договорот од Преспа нема никогаш да се имплементира затоа што тој лично смета дека нема да помине ниту во Собранието, ниту на референдумот.

„Може да собираат покани и да се сликаат, но во НАТО нема шанси да влезат сѐ додека го користат терминот Македонија“, ја пренесува грчката агенција изјавата на Каменос.

На прашањето кога ќе се одржат избори во Грција, тој изјавил дека не треба да очекуваат избори, бидејќи „сѐ додека скопското прашање не е дојдено во Парламентот, изборите ќе се одржат на крајот од четиригодишниот мандат“.

Информативниот портал „Ин“, коментира дека дел од ставовите на Каменос се спротивни на официјалните соопштенија, а дел се неточни, јавува МИА од Атина. 

„Претседателот на Независни Грци, со неговата омилена тактика, се обиде на малкумината што сѐ уште го следат, да им презентира една ‘алтернативна реалност‘. Па така, ни помалку ни повеќе, спротивно на официјалното соопштение на Генералниот секретар на НАТО, негираше дека ПЈРМ ќе се интегрира во НАТО со името Северна Македонија“, пишува грчкиот информативен портал и додава дека Каменос, кога изјавил дека „договорот нема да помине во Собранието на ПЈРМ“, заборавил на еден мал, но не и неважен детал, дека пратениците веќе го изгласаа договорот.

 

Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе