За весникот Демократиа

Каменос бара референдум за името

Лидерот на партијата Независни Грци, Панос Каменос, бара зборот Македонија да не биде содржан во сложеното име што евентуално би се договорило како решение за македонски-грчкиот спор. Во неговата колумна за неделното издание на весникот Демократиа, тој исто така бара референдум за евентуално ново договорено име.

„Грчкиот народ ќе треба да одлучи за ова, без преседан во историјата на човештвото, отстапување на историјата и културата на друг народ", пишува Каменос и објаснува дека секое е вклучување на терминот Македонија во името би значело пад на грчката култура, историја, уметност и сл.

Панос Каменос, во колумната за „Демократиа", пишува дека владата говори за сложено име со географска одредница, но во програмата на Ципрас, презентирана на почетокот на премиерскиот мандат, никаде, според Каменос, не е споменато дека сложеното име би го вклучило и терминот Македонија.

Кон крајот на октомври минатата година, говорејќи во Солун, Панос Каменос, рече дека е потребно е да се распише референдум и во Грција за името, а три месеци подоцна одново го споменува неговото барање. Претставници на грчката влада од редовите на СИРИЗА, во изминатиот период велеа дека нема да биде потребно одржување референдум во Грција.

 

 

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе