Камчев од ВМРО-ДПМНЕ и Филиповски од СДСМ се новите пратеници во Собранието

Ѓорѓи Камчев од ВМРО-ДПМНЕ и Александар Филиповски од СДСМ ќе бидат новите пратеници во Собранието по констатирањето на оставките на Никола Груевски и Павле Богоевски на денешната седница.

Извештајот за констатираните оставки  на пратениците ќе биде испратен до ДИК која веднаш на седница ќе ги констатира и ќе ги предложи Камчев и Филиповски за нови пратеници.

Се очекува информацијата за двајцата нови пратеници ДИК да ја проследи во текот на попладнево.

Ѓорги Камчев доаѓа од редовите од ВМРО-ДПМНЕ од листата за пратеници од четвратата изборна единица, додека Александар Филиповски беше на листата на СДСМ во првата изборна единица.

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе