Пратеничката на СДСМ

Калеска Ванчева: Да не заборавиме дека на 27 април беше нападнат законодавниот дом

Ако се вратиме назад и ги анализираме дејствијата од 27 април, ќе видиме дека таквите дејствија создадоа насилство, што создаде страв, загриженост кај граѓаните, воопшто и тоа не само кај пратениците, новинарите и другите што беа во собранието,  истакна пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во емисијата „Вин-вин" на телевизија Телма.

Таа нагласи дека е клучно што обвинителството докажало дека кај тие луѓе постоела намера да го направат тоа дело да создадат страв, несигурност, а со тоа и загрозување на уставниот поредок.

„Да не заборавиме дека на 27 април беше нападнат парламентот, највисокиот законодавен дом, тука не дискутираме персонално, туку зборуваме за луѓе легитимно избрани на избори, кои беа нападнати во парламентот за да се спречи изборот на претседател на Собранието“, истакна Калеска Ванчева.

„Суштината е дека обвинителството прибирајќи ги доказите заклучило, и според мене со право, дека овие луѓе треба да одговараат по член 313 од Кривичниот законик, кој предвидува терористичко здружување против уставниот поредок и безбедноста“, истакна Калеска Ванчева.

Таа нагласи дека тероризам е посебно кривично дело одредено во член 394Б, но имаме и кривично дело кое точно гласи што значи терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Кога ќе се случи вакво нешто како на 27 април, ниту една држава ниту еден правен систем не е ослободен од притисокот на јавноста, нагласи Калеска Ванчева, додавајќи дека сепак на 27 април, се случи нешто што не смее да се заборави.

Посакувам нашиот правосуден систем се справи со  предизвикот, бидејќи ваквите случувања ако немаат вистински завршеток низ правниот систем оставаат трајни последици, порача пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева.

Во врска со претстојната најавена средба на шефот на државата Стево Пендаровски и првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Калеска Ванчева, смета дека во контекст на дијалог е добро што ќе се сретнат, бидејќи не е добро за општеството, за државата претседателот и лидерот на најголемата опозициска партија да немаат комуникации.

Не ја гледам потребата да било кој дискутира на адвокатите да им објаснува дека имаат право на повторување на постапка, на вонредни преиспитување на правосилна пресуда, а ја гледам логиката и го поздравувам тоа што ќе се сретнат, рече Калеска Ванчева, во емисијата „Вин-вин" на Телма.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе