Пратеничката нагласи дека станува збор за сериозен избор на кадри во Владата што ќе ја раководи Ковачевски и оцени дека таа е со зајакнат континуитет на досегашната Влада.
„Факт е дека земјата одеше и оди во прогрес и оваа програма што ја презентира Ковачевски нуди оптимизам и ветува сериозна работа како на надворешен, така и на внатрешно - политички план. Многу е важно што Ковачевски рече дека сака вистински, искрен и отворен дијалог со опозицијата и сака заеднички сите да дадеме придонес за прогрес на земјата и за нејзина европска интеграција“, нагласи пратеничката Калеска Валчева.