Седница на Собранието за избор на нова Влада

Калеска-Валчева: Владата на Ковачевски има легитимитет проширен со Алтернатива

Мислам дека треба да се стави точка на дискусиите во кои во прашање се доведува легитимитетот на Владата што ќе ја предводи Димитар Ковачевски, таа има целосен легитимитет произлезен од изборите во 2020 година, проширен и надограден со влезот на Алтернатива во неговиот кабинет, рече пратеничката од СДСМ Снежана Калеска Валчева на денешната седница на Собранието на Македонија за избор на нова Влада.

Пратеничката нагласи дека станува збор за сериозен избор на кадри во Владата што ќе ја раководи Ковачевски и оцени дека таа е со зајакнат континуитет на досегашната Влада.

„Факт е дека земјата одеше и оди во прогрес и оваа програма што ја презентира Ковачевски нуди оптимизам и ветува сериозна работа како на надворешен, така и на внатрешно - политички план. Многу е важно што Ковачевски рече дека сака вистински, искрен и отворен дијалог со опозицијата и сака заеднички сите да дадеме придонес за прогрес на земјата и за нејзина европска интеграција“, нагласи пратеничката Калеска Валчева.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе