Калајџиев: СЈО е злоупотребено само да се симне ВМРО-ДПМНЕ од власт

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева нема овластување ни во нормални услови, а не пак во притворски да ги делегира предметите на друго обвинителство, смета универзитетскиот професор, Гордан Калајџиев, кој е дел од работната група што вчера и денеска во Министерството за правда дискутира за писмото на Јанева, во кое се бара СЈО сите предмети да ги префрли во Јавното обвинителство.

Според Калајџиев, нема никаков интерес за избор на нов специјален јавен обвинител на местото на Јанева, а за тоа, како што вели, виновни се политичките партии.

„Јанева предметите ги добила со закон и мора да ги работи. Во случајот има поднесено оставка и не може да се однесува од типот ‘после мене потоп’. Никаде во законот не се предвидува ова обвинителство да ги предаде сите предмети особено не во ваква ситуација каде нејзе ѝ е завршен мандатот и каде нема политичка волја да се избере нов обвинител. Зошто и како не сакаат обвинителството да продолжи да работи треба да ги прашате политичките партии, тоа е нивна одговорност. За избор на нов јавен обвинител очигледно не постои интерес и тоа е најстрашното што очигледно е дека ова е крај на СЈО. Не постои интерес да постои автономна институција која ќе се бори со организиран криминал. СЈО е злоупотребено само да се бутне ВМРО-ДПМНЕ од власт и ништо повеќе, тоа со жалење го констатирам“, вели Калајџиев.

Тој уште додава дека е разочаран што после четири години уште не дознавме кој прислушувал во Македонија, што само по себе е една голема катастрофа. Според него, нов специјален јавен обвинител според законот требало да се избере уште пред 3 месеци без разлика на аферата која излезе во јавноста.

 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе