По приведувањето на специјалната обвинителка

Калајџиев: Ако се разреши Јанева, автоматски завршува мандатот на сите обвинители во СЈО

Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев изјави дека во СЈО не може да се избира вршител на должност специјален јавен обвинител, затоа што се работи за строго монократски орган. Тој вели дека доколку се разреши Јанева, во истиот момент им завршува мандатот и на другите обвинители во СЈО.

„Обвинителите што му помагаат дури немаат вистински целосен мандат за разлика од сите други обивинители. Аналогија не е можна бидејќи духот на овој закон дава овластување специјално на обвинителот кој се бира во специјална процедура, а сите други се негови помошници. Па така, нема други можности според идејата и духот на законот да има в.д. обвинител од редот на обвинителите. Според Законот за СЈО, нивното разрешување е директно врзано со мандатот на специјалниот јавен обвинител. Смислата на законот е меѓудругото е да се тие нејзини луѓе од доверба, тие се еден тим, еден за сите сите за еден“, изјави Калајџиев за Канал 5.

Гордан Калајџиев

Калајџиев вели дека постапките на СЈО кои не се директно загрозени од злоупотреба во моментов ќе мируваат, а потоа ќе продолжат со новиот обвинител, останатите за кои постои сомневање за злоупотреби мора да сопрат.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески пред два дена изјави дека Советот на обвинители треба сам, без одлука на Собранието и препорака до Советот, да избере вршител на должност шеф на СЈО. Според Законот за СЈО шеф на СЈО се избира со 2/3 гласови на пратениците и Бадинтерово мнозинство, а предлогот потоа го дава на гласање до Советот на обвинители.

Синоќа и премиерот Зоран Заев го повика Советот на обвинители да избере в.д. шеф на СЈО.

И Натали Петровска од Коалиција за праведно судење вели дека не може да се избере вршител на должност специјален јавен обвинител на местото на Катица Јанева.

„СЈО остана без првиот човек. Аргументи за замена на Катица има, но законот за СЈО не познава вршител на должност. Законот за СЈО е лек специјалис. Дополнително, истиот е донесен со 2/3 и Бадинтерово мнозинство, наспроти Законот за јавно обвинителство. Недостатоците на законот за СЈО не би можело да се пополнуваат со одредби од законот за јавно обвинителство, особено што постојат процедури утврдени во самиот закон кои треба да се следат од почеток до крај. И за именување и за разрешување.

СЈО има мандат уште 1 година, до 2020 година. Обвинителите кои што застапуваат не би можеле да работат понатаму. Меѓутоа, останатиот кадар, не е врзан со мандатот на специјалната јавна обвинителка. Најважното е дека постапувањето сите тие луѓе во таа зграда, го црпат од замениците на специјалната јавна обвинителка. Но, откако ќе заврши мандатот и на овие нејзини заменици, на 15 септември, нема да може ништо да се направи потоа“, изјави Петровска.

Шефицата на СЈО Катица Јанева од пред два дена е во притвор за случајот „Рекет“, а е осомничена за злоупотреба на слижбената положба и овластувања.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе