Случај „Рекет“

Како течеле разговорите на Боки 13 со бизнисмените?

Од она што досега е објавено, на списокот на рекетирани имало триесетина бизнисмени. Некои од нив веќе имале средби со обвинителката што го води предметот „Рекет", Вилма Рускоска. Повеќе од јасно е дека вакви средби ќе се одржат уште еднаш, најмалку.

Ако целиот случај се погледне одозгора, може да се даде една ваква дефиниција - луѓе од власта, со помош на еден или двајца специјални обвинители и еден или двајца извршители-рекетари, изнудувале пари со помош на веќе отворени или можни нови случаи на СЈО, по што со дел од парите ја одржувале телевизијата 1ТВ во живот, чија пак уредничка задача била заштита на политиките на власта. Другиот, поголемиот дел од парите бил подеднакво делен. Во кеш.

Според сведоците на овие непријатни настани, еве како се одвивало сценариото.

Бојан Јовановски, понекогаш заедно со Лазар Јанев, синот на специјалната обвинителка Катица Јанева, одел на состанок кај бизнисмени или нивни блиски или кај нивните бранители. Изборот главно бил кај бизнисмени чии имиња веќе се присутни во јавноста преку отворените истраги на СЈО. Имало и такви случаи кога се најавувале и нови истраги, со презентирање одредени деликатни податоци, информации, ситуации, снимки...

Разговорите оделе отприлика вака:

Б.Ј.: Добар ден. Како сте? Драго ми е што се запознавме. Ова е директорот на маркетинг на 1ТВ, Лазар Јанев, инаку син на Катица Јанева.

Бизнисмен: Добар ден. Благодарам, добро. Повелете.

Б.Ј.: Би сакале да ви ги презентираме можностите за рекламирање на нашата телевизија. Лазе ќе ви ги каже деталите.

Бизнисмен: Ама јас не сум заинтересиран за рекламирање. Сега сме во некоја транзиција, кратење на трошоците, па во некоја наредна прилика...

Б.Ј.: Ама вашето име се споменува во случајот...

Бизнисмен: Да, знам. Ама тука навистина има некое недоразбирање...

Б.Ј. врти на мобилен, го вклучува спикерфонот и: Здраво Катице. Како си? Еве тука сум кај..., па си мислев дека може да му помогнеме, нели.

Следувал потврден одговор од другата страна на линијата и разговорот се прекинувал.

Б.Ј.: Можеме да ви спремиме одреден проект за рекламирање на нашата телевизија. Да биде видлива пораката и тоа ќе чини.... (тука разни се информациите - од 500 илјади до два милиони евра за рекламирање).

Б.Ј.: Дел од парите ќе одат на фактура, ама поголем дел ќе мора во кеш, знаете како е, ќе мора да се помогнат и другите...

Првичниот одговор на бизнисмените, во најголемиот број случаи бил негативен, но на наредните средби се појавувал и Зоран Милевски - Кичеец, кој бил поубедлив во презентирањето на наводните докази што се поседувале за компромитирање на бизнисменот, по што се преминувало на разговор за деталите на исплаќање на парите.

Дел од изнудените пари наводно им бил даван на луѓе од власта.

Некои од овие сведочења веќе се документирани кај обвинителката Рускоска.

А.Д.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе