Изјава на европратеникот од Бугарија

Како ќе објасниме дека даваме датум за Албанија, а не и за Македонија, прашува Ќучук

Нелогично и тешко е да се објасни тезата дека ќе ја пуштиме Албанија да отпочне преговори со ЕУ, а за Северна Македонија ќе го гледаме прашањето од историски аспект, изјави бугарскиот европратеник и известувач на ЕП за земјава, Илхан Ќучук. Според него, Европа не сака отворање на историски прашања кои ја зассегаат и неа, но дека од аспект на човековите права е логично македонскиот Устав да се отвори за Бугарите.

„Оваа теза е многу тешка за објаснување. Европа тешко ги разбира заплетканите историски разговори, бидејќи мора да ја отвори Пандорината кутија за сопствената историја, а таа не сака да го направи тоа. Но, Европа ги разбира многу добро човековите права и слободи. И затоа фер е барањето Бугарите во Северна Македонија да бидат составен дел од македонскиот Устав“, рече Ќучук за БНР, како што пренесува МИА.

Вели дека има зголемен и легитимен притисок од европските институции за решавање на прашањето со Македонија и оти проширувањето е клучен приоритет на оваа Европска комисија.

„Бугарија нема за што да се грижи, најмалку да се обидува да избегне искрен, отворен разговор со Северна Македонија – како за минатото, така и за иднината. Но, очигледно е дека од национална гледна точка немаме јасно изразена позиција на ниво на власт. Ако оваа Влада треба да се критикува аргументирано – тоа е неможноста да постигне консензус за клучните прашања. Едно од нив е Северна Македонија, другото е односот кон Украина“, коментира Илхан Ќучук.

Според него, формулата за решавање на прашањето, треба да биде резултат не само на внатрешните коалициски напори, туку и вклучување на опозицијата.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе